Вчера во ОУ „Христо Узунов“ започна хуманитарна акција за поплавените подрачја во Македонија. Во акцијата учествувале учениците, родителите и наставниците при училиштето, а биле донирани храна, средства за лична хигиена и вода.
-Уште еднаш хуманиот однос на нашите ученици, несебичната поддршка на родителите и наставниците дојде до израз во нашето училиште. Впрочем секогаш биле организирани вакви акции кога и да било потребно, се разбира во соработка со Црвениот крст од Охрид, вели директорот на училиштето Тони Симоновски.
Според најавите, хуманитарната акција во ова училиште ќе продолжи и следната седмица.
OhridNews