Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ во соработка со охридскиот алпинистички клуб „Пагатонија“ и филмискиот фестивал ЕХО ги запознаваа учениците од Основното училиште Христо Узонов и Живко Чинго од Велгошти со алпинизмот .
Пред учениците промовирани беа сите потребни алатки за аплинизам, а практично беше прикажан најосновиот начин на качување.
– Ова е одлична можност за дечињата што подобро да го запознаат алпинизмот кој зема се поголем замав. Задоволни сме од интересот и одзивот на охриѓани и ќе практикуваме повеќе да доаѓаме тука со предавања. Дечињата имаа можност да гледаат филм за италијанскиот алпинист како се подготвува за искачување на Алпите. – рече првиот човек на ЕХО фестивалот Игор Талески.
Новото спортско друштво во Охрид со овој настан го заокружи одбележувањето на интернационалниот ден на спортот и здравјето.
– Учениците од Христо Узонов и Живко Чинго на дело имаа можност да го искусат аплинизмот и да видат како се користат алатките. Ваква активност е добре дојдена за учениците кои покажаа голем интерес за аплинизмот. – истакна Гоце Тасески член на Асоцијацијата на спортови.
Задоволство од одржаниот спортски настан по повод интернационалниот ден на спортот и здравјето искажа и директорот на Христо Узонов, Тони Симоновски. – Голема благодарност до Асоцијацијата на спортови што го одбра баш нашето училиште за домаќин. Видов голема желба кај учениците за вакви за нив необични спортски предизвици. Гледајќи ги лицата на дечињата сакам да упатам апел до сите родители се повеќе да ги ваѓаат своите деца надвор од дома бидејќи спортот е здрава навика.
Одбележувањето на интернационалниот ден на спортот и здравјето започна во Основното училиште „Григор Прличев“ каде дечињата имаа можност да се забавуваат со играње на зумба и пилатес, хокеј, фудбал и други спортски активности.
Мх.П.