Литературната творба „Од училишниот споменар“ на ученичката Јана Василеска ја освои првата награда на конкурсот за литература, а пофалници за литературни творби добија учениците Дамјана Видическа, Ина Маџоска, Александра Гаврилоска и Марија Мојсоска.
Во категоријата сликарство прва награда освои Славица Танеска, додека на ученичката Ема Ошаков и припадна првата награда во категоријата вајарство и грнчарство. Пофалници за ликовни творби добија Матеа Донеска и Мартина Целеска.