Учениците од охридското ОУ „Григор Прличев“ се вратија со голем број награди и признанија од Детските Рацинови средби во  Велес.

Прво место и Гран-при за сликарство освоила петодделенката Славица Танеска. Ученичката во шесто одделение Ема Ошавков, освоила Прво место и Гран-при во вајарство, а Александра Гаврилоска, ученичка во петто оделение освоила Прво место во литература.


Покрај освоените први места учениците од ова училиште на Рациновите средби  добиле и голем број пофалници во повеќе  категории. Искра Зафироска, од петто одделение и седмооделенката Исидора Јанева, добиле пофалници за литература, а Милјана Шулајковска, ученичка во шесто одделение добила пофалница за вајарство.


За постигнатиот успех на учениците голема заслуга имаат менторите Силвија Мојсоска за литературниот конкурс и Ристе Пуцоски  за грнчарската и ликовна работилница.

Детските Рацинови средби се одржале по 42 пат. Во рамките на годинешната манифестација покрај традиционалната програма биле обележани и 70 години од излегување од печат на збирката Бели Мугри.

Ohridnews