Екипата 5-Исток од ОУ „Братство Единство“ беше најбрза и најснаодлива на денешниот хуманитарен натпревар „Компас” под мотото „Истражи го Охрид“. Оваа екипа се закити со пехар и ваучер за учество на извиднички летен камп. Дипломи за второ и трето место добија екипите  5-Југ од ОУ „Св.Наум Охридски“ и 3-Север од ОУ „Христо Узунов“.

На натпреварот кој го организираше охридскиот Црвен крст и Извидничкиот одред „Пионер“ учество зедоа преку 100 ученици од охридските основни училишта, организирани во 20 екипи. Тие се натпреваруваа во брзина и снаодливост во пронаоѓање на 18 пунктови, поставени на значајни места-знаменитости или институции низ Охрид, каде добиваа нова загатка и едукативни информации за знаменитоста или институцијата.

Средствата собрани од партиципативното учество на секој ученик во овој натпревар ќе бидат наменети за семејството на самохраниот родител Рамадан со неговите две деца.

OhridNews