Учениците на Основното музичко училиште „Методи Патче“ се вратија со голем број награди од Државниот натпревар,  кој се одржа во Скопје од 8-ми до 10-ти април.

 -Учениците од нашето училиште учествуваа во натпреварувачките дисциплини за пијано, виолина и гитара. Од голем број натпреварувачи од цела Македонија освоивме 6 први награди, од кои една специјална награда. Исто така освоивме и голем број втори и трети места и пофалници за учество-истакна Нина Момироска, директор на ОМУ “Методи Патче”од Охрид.

Таа објасни  дека најголем успех постигнала Ивона Базгалоска од класата на професор Даниел Чуркоски за пијано. Таа покрај тоа што победила на стандардниот натпревар по пиано, освоила и прво место на завршниот дел од натпреварите,  во кој учествувале сите првонаградени ученици.  Во натпреварите по виолина во различни категории, прво место освоија  учениците  Севил Селман,  Даниел Мојсоски, Искра Атанасова Митуш и Марија Филоска, додека пак во дисциплината за  гитара првонаградена е ученичката Анастасија Милеска.

Второ место во пијано освоија Еда Сазиман  и Дамјан Милески, а  во дисциплината виолина добитници на втори награди се Димитар Гаврилоски и Кристина Шокароска. Трето место во пијано освоија ученичките Мила Коруноска и Андреа Јованоска, а во дисциплината гитара третите награди  им припадна на  Дејан Милески и Филип Николоски. Пофалници за учество добија Иван Георгиески и Никола Каневче, а диплома за учество доби Тони Георгиески.

E.E.