Учениците од трета година при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ од Охрид, во текот на изминатиот период реализирале петдневна екскурзија во Италија.

Во рамки на училишната екскурзија, која била во согласност со воспитно-образовната работа на училиштето, учениците имале можност да ги запознаат културните и естетските вредности на Венеција и Верона во Италија.

Освен италјанските градови, учениците попатно ги посетиле и Националниот парк Плитвице и Плитвичките Езера во Хрватска и Постојинска Јама во Словенија.

OhridNews