Претствници на учениците Македонци од средното училиште „Нико Нестор“, во име на 25 невладини организации денеска одржаа прес конференција во Скопје на која ги обвинија наставниците и родителите на учениците Албанци за потикнување на инцидентите во училиштетто. И покрај инсистирањето на новинарите тие не одговорија која е целта на посочените потикнувачи на инцидентите, која според учениците била јасна. Учениците кажаа дека вина за состојбите сноси и полицијата, бидејќи не ги санкционирала предизвикувачите на масовните тепачки.

Учениците на прес конференцијата објасниле дека во Скопје допатувале самоорганизирано и дека зад нивните барања за учење во јазични смени не стои ниедна партија.

Ohridnews