Ученичките во основното училиште „ Кочо Рацин“, Александра Стевоска и Јована Ристевска, заедно со наставничката Љубица Чифлигароска, учествуваа на „ Детската ликовна работилница “ Народната култура –трајна инспирација во моето творештво“ во рамки на манифестацијата Илинденски денови 2015 во Битола.
Во рамки на манифестацијата се одржаа предавања за Начинот и пропозициите за изработка на ликовните творби –за учество на конкурсот под наслов “ Народната култура –трајна инспирација во моето творештво“ , по што следуваа и презентацијата за изработка на Куклата Иванка – во чест на празникот Иванден, а се одржа и презентација за значењето на невестинските ковчези со наслов- Тајната на ковчезите.
Охридските ученички имаа за задача да ги насликаат изложените експонати од глина и моделите на играорците. За нивите изработки се здобија со сертификат за учество на Детската ликовна работилница..
OhridNews