Денес и утре во ОУ „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на жителите во поплавените подрачја Македонија.
– Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и слично беше превземена од општинскиот Црвен Крст, информираат од училиштето.
Оттаму потенцираат дека ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој.
OhridNews