Во рамките на училишниот проект „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“ учениците од ОУ „Дебрца“ од општина Дебрца вчера биле во посета на Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј во Скопје.

-Учениците при посетата имаа можност да се запознаат со богатата историја на македонскиот народ. Имаа можност да ја погледнат копијата на Саркофагот на Александар Македонски, римската кочија, стаклената чаша дијатрета, штитот од село Бонче и да погледнат восочни фигури, уметнички слики, вредни оргинални мозаици, реконструкција на објекти од неолитот, автентична музика и видео анимации, информираат од училиштето.

Оттаму потенцираат дека оваа посета се реализирала благодарение на поддршката на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски кој континуирано ги подржува проектите во ова училиште.

OhridNews