Околу 1000 ученици од сите основни и средни училишта во градот, вработени во јавното комунално претпријатие, советници, претставници на локалната самоуправа и граѓани зедоа учество во големата еколошка акција што по повод денот на пролетта се одржа денеска во Охрид.Се  чистеа плажите од Свети Стефан до Пештани, боровата шума во стариот дел на градот и Самоиловата тврдина, делот од реката Грашница до Даљан, каналот Студенчишта и Билјанините извори. Според директорот на „Комуналец“ Боро Павлоски, акцијата е повеќе од успешна.

Во големата еколошка акција што започна во 8 часот, се вклучија и градоначалникот Александар Петрески , членовите на градскиот Совет и новинарите. Градоначалникот засади дрво во дворот на градинката „Јасна Ристеска, а децата од градинката засадија цвеќиња. Советниците учествуваа во чистењето на делот од кејот пред х. „Палас“ каде заедно со новинарите засадија 40-на дрвца. Садници беа посадени и во паркот кај Центарот за култура.


засадени 40-на дрвца

Еколошката акција што денеска се спроведе во Охрид е во рамки на подготовките на градот за претстојната туристичка сезона. До летото според најавите на јвното комунално претпријатие ќе бидат реализирани уште неколку слични акции.

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски
Александар Ковачески-фото ЗУМ