Видео клипот кој го обелодени читателот Мишко Ѓоршески на кој ученици крајно вулгарно се однесуваат на час кој според него се одвива во охридската гимназија, инволвираните на снимката го демантираат.
„Ние учениците одговорно тврдиме дека ова не е случено на часот по музичко кај професорот Тони Георгиевски и дека веројатно станува збор за фотомонтажа. Во вашиот коментар стои дека тоа е слика на нашата гимназија, тоа не е точно бидејки часовите се одвиваат во најнормални услови, зошто и како овој видео запис стигнал на вашиот сајт тоа и нам не ни е јасно“, се вели во писмената реакција на учениците од Второ седум. Инаку во објавената сторија на читателот не се споменува бројот на класот ниту професорот.
Чудење изразува и професорката Славка Јанеска:
„Да се говори за тоа кој на кого се потсмева е своевиден да речам “чаршиски муабет”гимназијата не е “каубојско”, таа е онаа што ја знаеме и иста е онаква каква штобила.За нејзиниот рејтинг, квалитетот на кадарот и учениците зборуваат низа докази т.е. нивните успеси што е евидентно не само во градот туку и во цела држава. Се друго се празни муабети монтажи и којзнае што уште не“, се вели во реакцијата на професорката Славка Јанеска.
Дали нешто се случило или не на час во Гимназијата, од оваа реномирана образовна институција официјално никој ништо не потврдува или демантира. Јавноста изразува загриженост за однесувањето на средношколците и очекува надлежните да преземат се што е во нивна моќ за елиминирање на девијантните појави во образованието.
ohridnews