Под мотото “ Пристаниште на пријателството“ од 17 до 22 мај во црногорскиот приморски град Котор се одржаа шеснаесетите средби на училишта од Европа, на кои нашата земја ја претставуваше ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.

Во градот кој слично како и Охрид е под заштита на УНЕСКО, учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ учествуваа во активностите кои ги реализираа мешани тимови составени од нивни врсници од Европа.

Со учеството на едукативната манифестација во Котор ОУ “Св. Климент Охридски“ ја продолжува својата активност на полето на реализација на меѓународни проекти. Еден таков неодамна беше спроведен во просториите на училиштето, во кој учество зедоа триесетина  просветни работници од Австрија, Италија, Украина, Србија, БиХ, Цран Гора и Македонија.

Ohridnerws
фото: Ohrid.gov