Претставници од основното училиште „ Христо Узунов“ учествуваа на интернационалниот драмски фестивал за лица со и без хендикеп „ Игра без маска- театар без дискриминација“ кој се одржа на големата сцена во Македонскиот Народен Театар . Фестивалот има натпреварувачки карактер и е единствен од ваков вид на Балканот.
– Актерските групи беа со мешан состав на учесници- лица со и без хендикеп кои заедно ги бранеа боите на својата земја и допатуваа од Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и секако, учествуваа претставници и од земјата домаќин, Македонија. Играта на даските што живот значат е важен сегмент и во културниот, но најмногу во емотивниот развој на секоја млада личност.Самото име на фестивалот е симболика на она што на овој настан го испраќа како порака до јавноста- дека сите го делиме истиот свет и сите сме исти во правата, можностите, предизвиците и успесите, велат од ОУ „ Христо Узунов“.
Од училиштето упатуваат благодарност до локалната самоуправа за подршката при реализирањето на проектот.
OhridNews