Оливер Симоноски и Бојан Лалчески кои се ученици во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид го освоиле третото место на Балкански натпревар за мехaтроника „Balkan Јunior“, кој се одржал во Никшиќ, Црна Гора од 12-ти до 16-ти мај 2015 година. Учениците биле водени од менторите Борис Стрезоски и Владо Јанкулоски.
-Натпреварот се состоел од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се полагал со тест од 6- области: Дигитални системи, Автоматика, Електромоторен погон, Машински елементи, Механика и Хидраулика и пневматика. За време на практичниот дел учениците проектирале две ременици во Solid Works програма и истите ги изработиле со помош на 3D– принтер и изработиле софтвер на ПЛЦ, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
На натпреварот во Никшиќ учествувале електро-машински училишни центри од Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Турција.
OhridNews