Со краток перфоманс на градскиот плоштад, ученици од Турција и Македонија кои учествуваат на Меѓународниот театарски камп што се одржува во Охрид, денес, ја најавија изведбата на претставата „Монденкиндер“ работена според текст од романот „Бескрајна приказна“ на Михаел Енде.
Театарското дело кое учениците го подготвуваат со помош на наставниците и менторите ќе биде изведено вечерва, во 18 часот во предворјето на црквата „ Св. Софија“.
На Меѓународниот театарски камп, кој е во организација на „Гете институт“-Скопје во соработка со „Гете институт“-Анкара, учествуваат околу 30 ученици од Турција и Македонија на возраст од 12 до 16 години.Целта на одржувањето на кампот е да се создаде театарско дело во кое ќе бидат преплетени три култури и три јазици: македонски, турски и германски.
Театарскиот камп го водат Ивана Маховска од Охрид и Штефан Рајшл од Анкара.
OhridNews