Ученици и наставници од средното техничко училиште „ Мерсинли“ од Измир, Р.Турција беа во посета на ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“, како резултат на потпишаната спогодба за пријателство, соработка и споделување на културни вредности во 2013.

Учениците и наставниците од овие училишта имаа заеднички часови и работилници во кои разменуваа знаења, вештини и искуства.

– Оваа соработка е една убава можност за нашите ученици и наставници да стекнат нови знаења и искуства, но и нови пријателства, да запознаат нови места, различни култури и традиции. Ваквите проекти се една убава можност да ги мотивираме учениците да постигнуваат подобри резултати, бидејќи во овие проекти предност им даваме на нашите ученици со подобар успех и примерно поведение“, истакна директорот Јане Цаноски.

Во попладневните часови домаќините на своите гости од Турција им ги покажаа убавините на Охрид и регионот преку заедничките прошетки во стариот дел на градот, манастирот Св.Наум и посета на Битола и спомен собата на Кемал Ататурк.

OhridNews