Учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – економска насока од 10.03-13.03.2009 година под менторство на професорот по практична настава Весна Карамитре учествуваа на меѓународен саем на виртуелни компании во Салцбург-Австрија.


Покрј успешното претставување на работата на нивната компанија за музички ЦД-а „Soundwave“, исто така успешно го промовираа градот Охрид и републиката. Учество на овој саем зедоа 360 компании од Европа и Америка.


Со предметот практична настава во четврта година се овозможува работа на виртуелни компании, кои претставуваат модел на претпријатие што служи за тренинг на учениците за работа во реални фирми.


Учеството на Саемот на учениците од економското училиште  беше реализирано со поддршка на Австриската развојна
програма за соработка-АДА .

Ohridnews