Четворица ученици од едно основно училиште во Германија пронашле 15 000 евра, а потоа парите ги поделиле со своите врсници. Двете момчиња и двете девојчиња ги нашле парите во коверт во кој имало и некои документи. Воодушевени од пленот започнале да ги делат банкнотите помеѓу соучениците се додека едно дете не го информирало наставникот што се случува.


Наставникот повикал полиција, а во меѓувреме ги почнал да ги собира парите од учениците. Собрал 12 000 евра, а полицајците успеале да пронајдат уште 1040. Останатите 960 евра останале кај најхрабрите ученици. Полицијата утврдила дека парите му припаѓаат на еден Авганистанец кој живеел во околината на Франкфурт. Парите ги штедел за патување во Кина и враќање на долговите.