Одлуката за забрана за бакнување од страна на директор на австриско училиште ги вознемирила учениците. Тие сметат дека таквиот потег е претеран па дури и средновековен, поради што најавиле протест.
Сигфрид Биермар, директор на училиште во Австрија, писмено ги известил родителите за забраната за бакнување по забелешката на наставник дека однесувањето на некои девојки излегло од контрола. Наместо едноставен бакнеж во образ, поздравувањето на 14-годишните девојки прераснало во “театрално паѓање во прегратки и бакнување во уста, кое понекогаш е многу интимно и трае неколку минути.“.
– Таквото однесување би можело да доведе до несакани последици, а момчињата би можеле да почнат и да бараат бакнежи-изјавил директорот.
Наставниците и голем дел од родителите анонимно изгласале забрана за бакнување во училиштето. Како одговор на тоа група ученици се заканува дека ќе организира протести со бакнување.