Околу 30 ученици од училиштето „ Антон Бернолак“ од Наместово- Словачка, заедно со нивните професори деновиве беа во повратна посета на охридската гимназија. Учениците од Словачка беа сместени кај своите врсници и пријатели кои ги запознаа со убавините на Охрид и Македонија. Гостите беа восхитени од тоа што го видоа, коментирајќи дека природните убавини на Македонија, храната и гостопримството ги надминале нивните очекувања.
Од гимназијата потенцираат дека ваквите размени се добредојдени за промоција на училиштето, како и во насока на размена на искуства во наставно-образовниот процес.
OhridNews