Ученици и професори од Белгија беа во двонеделната посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“ во рамки на која се запознаа со теоретската и практичната наставата во училиштето. Целта на посетата на учениците и професорите од Белгија на ОУТУ „Ванчо Питочески“, што се реализираше во соработка со ТА „Охрид холидејс“, беше меѓусебно запознавање и размена на искуства и идеи.

-За време на посетата учениците се запознаа како се одвива теоретската и практичната наставата во училиштето, заедно подготвуваа специјалитети од трациционалните кујни и ги послужуваа, при што си разменија вештини, знаења и драгоцено искуство преку корелација на образовните профили: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар. – информираат од училиштето.

Охридските ученици, гостите од Белгија ги запознаа со знаменитостите, убавините и туристичките капацитети на градот и околината. Тие со брод беа во посета на манастирскиот комплекс „Св. Наум“, пешачеа низ планината Галичица (Коњско, Елшани и Пештани), беа во посета на Вевчани и Струга, а ги посетија и Курбиново и Преспанското Езеро.