Фудбалерите на Глазгов Ренџерс со минимални 1-0 славеа во дербито против лутиот градски ривал Селтик. Популарното „Олд фирм“ дерби го реши Ран Џек кој го постигна единствениот погодок на мечот во 31-та минута.

Дербито во фокусот беше и поради менаџерите на двете екипи. Глазгов Ренџерс од клупата го предводи Стивен Џерард, а менаџер на „детелините“ е Брендон Роџерс. Џерард и Роџерс како играч и менаџер заедно соработуваа во екипата на Ливерпул.

„Полицијаците“ со триумфот во дербито се изедначија на врвот од табелата во шкотската Премиер лига со Селтик кој има натпревар помалку.

OhridNews