Екипата на Арсенал е првиот патник во финалето во ФА Купот. „Топчиите“ билетот за финалето го чекираа со триумфот (2-0) против Манчестер Сити.

Стратегот на Арсенал Микел Артета кој беше десна рака на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити одлично ја подготви екипата која го надигра фаворитот на хартија. Арсенал до победата вредна пласман во финалето стигнаа со головите на Пјер Америк Обамејанг.

Арсенал противникот во финалето од најстарото клупско натпреварување ќе го добие после утрешниот полуфинален дуел помеѓу Манчестер Јунајтед – Челси.

OhridNews