Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид го освои првото место на шеесетиот Државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија кој се одржа во Пехчево.

Смилевски се натпреваруваше во областа „Автоматика и Роботика” со CNC машина за пишување која сам ја дизајнираше и ја направи.

CNC машината е изградена од хардверски делови од компјутер. Ученикот во понатамошниот период има идеја машината да ја надогради со ласер за гравирање дрво и глодалка за гравирање метал, информираат од училиштето.

OhridNews