Ученикот Бобан Кочески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се здоби со меѓународно признат сертификат од ЕК и Универзитетот во Истанбул.
Во периодот од 10.03 до 16.03.2024 година Бобан учествуваше на Еразмус+ проект Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, кој се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија. Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет, информираат од училиштето.
За време на посетата, додаваат, учесниците беа примени и од градоначалникот на општина Лас Розас де Мадрид.
OhridNews