Шестоооделенецот Велјан Митровски од мултијазичното основно училиште „Ојстер Адамс“ во Вашингтон победи на натпревар од областа на животната средина за изумот со кој се штеди електрична енергија преку поставување на соларни плочи на семафорите во главниот град на САД.   

Во сторијата што ја објави „Гласот на Америка“ на макаедонски јазик Велјан раскажува дека во проектот споредувал два генератори – соларен панел и рачен генератор.  За сите семафори во Вашингтон, 12-годишниот Митровски пресметал дека ако се инсталираат неговите соларни плочи, би се заштедиле точно 251 милијарда 942 милиони киловат-часови за една година.

Велјан однесе награда на Саемот за математика, наука и технологија што на ниво на основни училишта секоја година се одржува во главниот град на САД.Неговите родители се на привремен престој во Вашингтон, така што тој планира да го презентира проектот и на соучениците во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, кога ќе се врати во Скопје.

OHRIDNEWS