Учениците во подрачното училиште во с. Коњско преку низа активности, работилници и музички точки го одбележаа 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.
Учениците во текот на воннаставните активности на креативен начин и со голема љубов направија мозаик на грбот на Општина Охрид водени од детската искрена желба за мирен и спокоен живот во слобода и идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек. Зборовите и пораките за слобода и безгрижно детство од овие малечки деца имаат голема сила и моќ, вели oдделенскиот наставник Лила Каранфиловска, воедно упатувајќи честитка по повод Денот на ослободувањето на Охрид.
Учениците во подрачното училиште во с. Коњско го одбележаа 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид
OhridNews