Еден сребрен и два бронзени медали освоија учениците од од РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид на 12-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024).

На натпреварот учествуваа 12 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска) и Бар (Црна Гора).  Домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Осијек- Република Хрватска.

Учениците се натпреваруваа во дисциплините: готварство, угостителско послужување и подготовка на тридневен туристички аранжман. При тоа среберен медал освои тимот составен од учениците Петар Ѓорѓиев, Вероника Ѓуракова и Габриела Ѓореска под менторство на Марија Ѓорѓиоска, во дисциплината туристички аранжман. Бронзени медали освои тимовите составени од ученците Валентин Матоски, Павел Илијовски и Михаил Гулабовски под ментортво на Војо Ангелоски во дисциплината готварство и Теона Талевска, Контантин Мурговски и Јован Андов под менторство на Васил Талевски во дисциплината угостителско послужување, информираат од училиштето.

Посочуваат дека за сите учесници беа организирани едукативни излети во Копачки Рит и презентациско-едукациски центар Тиквеш.

Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2025, ќе биде градот Бар, Црна Гора.

OhridNews