Со цел да се разбуди хуманоста во овој празничен период, под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, психологот на училиштето Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.

Беа приготвени домашни деликатеси и топли напитоци, а присутните имаа можност да посведочат за прекрасниот вкус на приготвеното. Настанот беше збогатен со забавна музичка програма во изведба на учениците, рачни изработки, како и празнични декорации создадени со љубов. Собраните средства на настанот беа наменети за новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на дечиња од социјален ризик, велат од училиштето.

За успешна реализација на настанот придонесе и активното вклучување на стручните наставници Војо Ангелоски, Елена Спировска и Катерина Џамбазовски, како и голем број ученици.

OhridNews