Околу 150 ученици од основното училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец беа запознаени како треба да реагираат доколку се жртва на врсничко и онлајн насилство, каде да го пријават насилството и со кого да ги споделат тие информации.

Активноста беше реализирана од страна на СВР Охрид во рамки на превентивниот проект на тема „Врсничко насилство“.

Низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг“ и он-лајн насилството „сајбер булинг“, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи, велат од СВР Охрид.

Оваа едукативна кампања, додаваат, ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.

OhridNews