Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и подрачното училиште во населба Далјан, во два наврати, беа учесници на едукативните работилници/презентации на кои се презентираше проблемот со цврст отпад во Охридското Езеро.
Со овие и претходните работилници во другите основни училишта се заврши активноста за едукација во основните училишта, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина” на Здружение Клуб за нуркање Акватек Охрид.
Со визуелни содржини учениците ги надградија своите знаења за проблемот со кој се соочува градот Охрид, се информираа за штетите и последиците кои ги предизвикува тој проблем – цврст отпад во Охридското Езеро. Се поттикнаа да градат позитивни навики кон животната околината и да носат одговорни одлуки во зачувувањето на светското културно и природно наследство – Охрид и Охридското Езеро, велат од Клуб за нуркање Акватек Охрид.
Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија (Delegation of the European Union, Skopje), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK).
Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.
OhridNews