Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Ученичкиот парламент при ООУ ,,Кочо Рацин”, на иницијатива на учениците, заедно со одговорните координатори, реализираа низа активности.

Учениците изработија новогодишни честитки, витамински пакетчиња и новогодишни пакетчиња, со цел да ги усреќат најмладите, како и повозрасните граѓани, а во тоа беа потпомогнати од своите верни пријатели.

Ги посетивме другарчињата од игротеката „Радост”, а потоа и повозрасните членови на геријатриското одделение при Општа болница – Охрид, велат од училиштето.

OhridNews