По само еден месец настава ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид може да се пофали со успешни проекти остварени од ученици од прва година, велат од училиштето.

Ученикот Наум Смилевски од I-4, работејќи во тим со уште тројца ученици, на 5 и 6 октомври 2024 г. во Скопје учествуваше на натпреварот „NASA Space Apps Challenge” каде што тимски се претставија со ROVER робот што може да се движи по плодна земјоделска површина и може да собира податоци за сите делови од плодната површина што ќе влијае за поголеми и поквалитетни приноси. Тое е секако изум што значително би им ја олеснил работата на земјоделците, потенцираат.

Додаваат дека учениците Матеј Ристески, Гоце Попоски и Мартин Котоски од  I-2 самоиницијативно изработија осовременет систем за автоматско ѕвонење.

Тој систем веќе е во употреба во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид. Учениците имале идеја да се олесни наставата и планираат да работат во таа насока и понатаму, истакнуваат од училиштето.

Воедно велат гордост е да се има ученици што имаат големи амбиции и планови и што достојно го претставуваат училиштето.

OhridNews