Учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани.
Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ќебиња, јоргани, перници, пижами и пешкири за потребите на центрите каде што се згрижени пациентите, информираат од училиштето.
Со оваа донација, велат, се надеваат дека барем малку ќе помогнат на настраданите во несреќата на кои им посакуваат што побрзо закрепнување.
OhridNews