Во текот на изминатата недела Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека било одржано предавања на тема „Меѓуврсничко насилство и интернет насилство- сајбер булинг“ во ОУ „Братство Единство“.
Притоа, полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа за појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците, со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите, како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите, посочуваат.
Покрај тоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе сообраќајници во градот ја спроведуваа превентивно едукативната кампања „Паркирај одговорно“ со цел, подигнување на сообраќајната култура на возачите на моторни возила и зголемување на сообраќајната безбедност.
Низ непосредни контакти со возачите, беше укажано на потребата од исклучиво користење на обележани паркинг простори, посебно во централното градско подрачје, заради елиминирање на неправилно паркираните или непрописно оставените возила на коловоз што значи попречување на нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. На возачите на моторни возила им беа поделени и летоци со сообраќајни совети, а изработени во соработка со РСБСП, додаваат од МВР.
OhridNews