Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на меѓународниот предизвик „Дабар 2023“. Станува збор за натпревар наменет за учениците од средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и да може вистински да ги идентификува учениците кои имаат висок потенцијал.

Натпреварот е исклучително популарен и се спроведува во повеќе држави. Сите учесници по е-меил ќе ги добијат резултатите и сертификатите за учество од натпреварувањето, кои ќе бидат достапни по завршувањето на натпреварот, информираат од од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Ментори на овој настан беа професорите од училиштето, м-р Сања Јованоска, Александра Настоска Николоска, Јулијана Петреска и Гоце Ѓорѓиевски.

OhridNews