Ученици и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и годинава земаа учество на Саемот на добавувачи од балканските земји SUBEX 2023 кој се одржа во Скопје.

На форумот посветен на дуалното образование пред присутните ученици и професори се обратија директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Антје Ванделт, раководителот на делот за глобално професионално образование во Дрекслермајер, Барбара Гербер како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Во рамките на оваа манифестација се изврши свечено доделување сертификати за успешно положен завршен испит по германски терк на учениците од профилите- техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство. Исто така, на годинешниот SUBEX 2023 беа промовирани учениците од прва година од паралелките- техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство на кои им беа дадени ученички ранци за среќен почеток на нивното школување во дуално образование, инофмрираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Во рамките на форумот, додаваат, биле одржани и две панел дискусии во кои работодавачите и учениците кои го завршија своето образование ги пренесоа своите искуства од овој тип на настава.

OhridNews