На првиот on-line регионален натпревар по природни науки организиран на 27 август, учениците на ООУ „Христо Узунов“ остварија забележителен успех, освојувајќи три втори и две трети награди.

Наградените ученици се пласираа на Државниот натпревар по природни науки, што ќе се одржи овој месец (септември) на Природно-математички факултет во Скопје.

Учениците кои ќе го представуваат ООУ „Христо Узунов“ од петто одделение се: Ања Гиноска, Ана Зороска и Андреј Крстески. Додека ученици кои ќе го представуваат шесто одделение се: Филип Гиноски и Петар Стојаноски.

OhridNews