Учениците повеќе да не одработуваат во саботи, посебните паралелки да се дел од секое редовно училиште, бројот на наставните денови нема да се намалува, ова се дел од содржините на Предлог-законот за основно образование што денеска во Владата го презентира министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Се изготвува нов закон за наставници и стручни соработници во основните и во средните училишта, со кој се унапредуваат нивниот статус и права, преку креирање модел за кариерен и професионален развој.

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови, затоа што сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14 години добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во други земји од ОЕЦД што е рамно на една и пол година образование.

Учениците саботите повеќе нема да ги одработуваат, бидејќи тоа се покажало како непродуктивно, затоа учебнат агодина може да трае и подолго од 10 јуни, во зависност од неодработените денови на училиштето.

За наставниците со закон ќе се регулираат неработните денови за време на зимскиот распуст на учениците. Најмалку од половина од траењето на зимскиот распуст на учениците се платени неработни денови за наставниците, но тоа не се дел од нивните годишни одмори.

Се воведува и нова надлежност на Наставничкиот совет, а тоа е да дава мислење за распределба на часовите меѓу наставниците. Останува одредбата за намалување на бројот на ученици во паралелките од досегшнитеа минимум 24, а максималниот број 34 ученици, се предлага минимално 20, а максимално 30 ученици. Комбинирана парлалека може да има најмногу до 10 ученици. Паралелка може да се формира со најмалку 15 ученици само за наставата по изборните предмети.

За учениците со попреченост се предвидени разни поддршки образовни и лични асистенти и технологија. Во таа насока е предвидено законско решение т.н. посебни паралелеки во редовните училишта и во посебните училишта од учебната 2022/23 година повеќе да не запишуваат ученици со попреченост. Оние кои веќе учат ќе можат да ја продолжат наставата, ако е тоа нивна одлука, на родителите или на старателите.

Новиот предлог-закон е ставен за јавна расправа во наредните 20 дена кога ќе може да се доставуваат мислења, забелеши, укажувања.

OhridNews