На Шестиот меѓународен натпревар за млади музичари “Охрид те сакам“ кој се одржа во Охрид од 22ри до 25ти ноември учениците од ОМУ “Методи Патче “повторно меѓу најдобрите.

Во конкуренција на повеќе од 80 учесници од неколку земји учениците од ОМУ “Методи Патче” освоија значајни награди. Марија Џуклеска-виолина и Наум Палоски-кларинет во своите дисциплини ја освоија највисоката награда освојувајќи 100 бода, а со тоа влегоа во финале и се натпреваруваа на финалниот концерт со останатите добитници на специјална награда оценувани од 12 члено жири.

Наум Палоски освои најголем дел од гласовите и е Лауреат на овогодинешниот меѓународен натпревар “Охрид те сакам”, освојувајќи ја главната награда концерт на Интернационалниот фестивал “Il Tempietto “во Рим.

Наградени ученици:

1.Ана Матеска-флејта I награда

2.Елена Стојоска-флејта II награда
Проф.Нина Момировска

3.Стефан Баракоски-виолина II награда

4.Марија Џуклеска-виолина Специјална награда 100 бода
Проф.Елица Рашкова

5.Ерол Малик –кларинет I награда

6.Наум Палоски – кларинет Специјална награда 100 бода и апсолутен победник на шестиот меѓународен натпревар “Охрид те сакам “
Проф.Петар Танески

7.Софија Коруновска и Бојан Секулоски –дуо пијано I награда
Проф.Ана Крстаноска и проф.Емилија Маринова

8.Владимир Србиноски-пијано I награда

9.Девид Малик-пијано I награда

10.Атанас Неделковски –пијано I награда

11.Николај Петкоски-пијано I награда

12.Леона Георгиеска-пијано I награда
Проф.Даниел Чуркоски

OhridNews