Ученици и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа дел од овогодинешниот саем на добавувачи од балканските земји SUBEX 2022 кој се одржа во Скопје.

Во рамките на оваа манифестација се изврши свечено доделување сертификати од страна на амбасадорот на Република Германија Ото Граф и директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, за успешно положен завршен испит по германски терк на учениците од првата завршена генерација од профилот Техничар за индустриска мехатроника, информираат од училиштето.

За петгодишното искуство во дуално образование на панел дискусијата на форумот говорел и директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ професор Сашо Недески.

Исто така, додаваат во соопштението, на годинешниот SUBEX 2022 биле промовирани учениците од прва година од паралелките техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство на кои им биле дадени ученички ранци за среќен почеток на нивното школување во дуално образование.

 

OhridNews