На општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ деветтоодделенката Сашка Танеска од ОУ „Кочо Рацин“, под менторство на наставничката по македонски јазик Фила Вероска-Стојковска, ја освои првата награда. За таа цел, во Прличевата одаја на градската библиотека „Григор Прличев“ свечено беа доделени награди на сите учесници и нивните ментори од страна на стручното жири.

Ученичката Сашка Танеска ќе го претставува градот Охрид на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 30 октомври годинава во Кочани.

OhridNews