Вчера околу 09 часот, во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, 19-годишна девојка од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето со остар предмет нападнала соученик (19) од Струга.
Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава. – информира СВР Охрид.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 101 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-59, Струга-07, Кичево-22, Дебар-13.
Во овој период, регистрирани се три прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19: Струга-02, Кичево-01.
Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти полицијата.
Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на СВР Охрид се реализираа мерки кон прекршоците кои ги чинат пешаците во сообраќајот. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале вкупно 45 пешаци: Охрид-07, Струга-16, Кичево-12, Дебар-10. Дополнително, санкционирани се девет возачи на патнички автомобили кои извршиле неправилно паркирање на своите моторни возила (Охрид-05, Струга-04), информира СВР Охрид во денешниот билтен.
OhridNews