Ученичката Марина Климоска која е IX одделение во ОУ „Братство Единство“од Охрид била единствената пофалена ученичка од Македонија на меѓународниот ликовен и литературен конкурс За детско творештво и творештво за деца, кој се одржал во општина Медијана во Ниш, Република Србија.

Климоска под менторство на наставничката по македноски јазик Јованка Љаткоска учествувала на литературниот конкурс на слободна тема, со песната „Сенки“ во категорија од петто до деветто одделение во конкуренција на учесници од целиот Балкан. 

OhridNews