Филипински авион со 80 патници на компанијата „Цебу Пацифик“ едвај избегнал несреќа кога видел на пистата возило во кое момче ја учело да вози својата девојка. Авионот на кратко ја допрел пистата на филипинскиот аеродром, а потоа повторно полетал кога видел комбе со двајца луѓе кои им било на патот.
– Комбето можеше да не претвори во огнена топка да не го прекинев слетувањето успешно, вели пилотот Кристофер Новиоки.
Виновникот е син на раководителот на аеродромот. Веројатно мислел дека сите авиони слетале за тој ден. Одлучил да ја искористи пистата за да ја подучи својата девојка да вози. Меѓутоа, не сметал на комбинацијата лоша видливост и зголемен број летови. Неговиот татко Фриско Доминго добил отказ веднаш по инцидентот.