Ниту сега кога Охрид се посериозно се мапира на светската туристичка карта дел од граѓаните не ги менуваат лошите навики. И натаму голема количина ѓубре завршува во реките, езерото и природата. Пример е реката Грашница, каде на моменти има повеќе ѓубре од вода.
Не е поштедено ниту вредното културно наследство. Иако беше поставена ограда пред неколку години, а во вечрните часови се затвораат и вратите за минувачите, ѓубре и натаму несоодветно се одлага на западната страна од црквата Св. Софија во стариот дел на Охрид, еден од најрепрезентативните и највредни објекти од богатото културно – историско наследство на градот.
Ваквата грда слика, за жал, секојдневно ја гледаат странските туристи. Дел од нив ги фотографираат ваквите „сцени“, а може само да се претпостави какви се нивните коментари на специјализираните сајтови и социјалните мрежи каде тие се постираат, што крајно лошо влијае на туристичкиот имиџ на Охрид.
Санкции и казни, се разбира нема.
Г.М.