Стриите се оштетувања на кожата кои настануваат при нагло и брзо растегнување на ткивото. Во тие моменти кожата не е доволно еластична што предизвикува појава на
поголеми и помали линии, односно еден вид лузни. Но нивното настанување може да се спречи или барем да се ублажи.

Кожата има одредена еластичнот, токму како и гумата. Но, кога го достигнува максимумот, доаѓа до распукување на ткивото што на телото се манифестира во облик на стрии-несакани линии на кожата кои најчесто се појавуваат на колковите, бутовите, стомакот и градите, после нагло добивање и губење на тежина, нагло растење и бременост.

Крем против брчки

Интензивните креми против брчки содржат витамин Е кој помага кај обновувањето на кожата, а со самото тоа делува и на стриите. Исто така, овој вид на крем содржи состојка која го поттикнува производството на колаген, кој ја обновува кожата. Се работи за витаминот А, односно ретинол, кој ја храни кожата и ја зајакнува еластичноста.

Исхрана

Правилната и здрава исхрана има неверојатно влијание врз кожата. Таа ја зголемува еластичноста и спречува создавање на пукнатини на кожата, односно стрии.

-Храната богата со антиоксиданти-спанаќ, шумско овошје како боровници, рибизли, јагоди, аронија, малини и капини.
-Храна богата со витамин Е – јаткасти плодови, семки од сончоглед, јајца, маслиново масло.
-Храна богата со витамин А –  морков, зелје, кељ, џигер, риба, тиква, млеко и млечни производи, путер и овошје како што е јаболко, праска, круша и кајсија.

Хидратација на кожата

За да ја задржи својата еластичност, односно способност на растегнување, кожата треба да има хидратација и од внатре и од надвор. Внатрешната хидратација се однесува на пиење на доволна количина вода. Од друга страна, кожата треба редовно да ја третираме со креми и лосиони за тело, но и масла меѓу кои се најдобри бадемовото и маслиновото. На влажна кожа после туширање нанесете масло и почекајте кожата да го апсорбира. Постапката повторувајте ја после секое туширање.

извор:zenstvena.com