Безживотно тело  на жена е пронајдено попладнево во куќа во Велгошти, информира СВР Охрид. Засега не се соопштуваат други детали за случајот.

Неофицијално се работи за убиство, а жената била пронајдена со најлонска кеса врз главата.

Соседите беа изненадени од страшната вест. Во изјава за медиумите кажаа дека не чуле ништо. Нивната сосетка Б.П. (41) имала две полнолетни деца и работела како шивачка. Била во врска со маж кого често го гледале тука.

Во тек е увид, а истрагата треба да ги открие причините за убиството.

Инаку, ова е втор случај на убиство во земјава оваа недела. Во Дебар засега непознат сторител со огнено оружје усмрти татко, мајка и дете. Овој случај се уште не е расветлен

OhridNews